Вицепремиерот Стоилковиќ и турскиот амбасадор Улусој ги посетија подрачните училишта во Бучим и Тополница
Заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ заедно со амбасадарот на Турција во нашата држава Фатих Улусој денеска остварија работна посета на двете подрачни основни училишта во општина Радовиш – ПУ „Никола Карев“ во селата Бучим и Тополница. Целта на посетата беше да се истакне важноста на унапредувањето на образованието на мајчин јазик, како и да се потврди континуираната поддршка на Владата кон етничките заедници во земјата.
Во овие училишта наставата од прво до петто одделение се изведува на турски наставен јазик што, вели Столковиќ, претставува значаен чекор во зачувувањето на културниот и јазичниот идентитет на турската заедница.
-Целата на посетата е да се запознаеме со условите во кои учениците учат и посетуваат настава на мајчин јазик. Посетата е корисна зашто може да видиме како може да помогнеме не само на локалното население, туку и на училиштата каде децата посетуваат настава. Во ова училиште во Бучим санитарниот јазол е педесетина метри подалеку од училишната зграда. Од тој аспект потребно е да се направат одредени проекти со кои би се решиле овие проблеми, изјави Стоилковиќ.
Делегацијата предводена од вицепремиерот најпрво го посети подрачното училиште во село Бучим, каде учениците приредија кратка свечена програма со рецитали, а потоа и подрачното училиште во село Тополница, каде што се разговараше за тековните услови за работа, инфраструктурата и потребите на наставниот кадар и учениците.
На настанот присуствуваше и делегација од Амбасадата на Република Туркије во Скопје, предводена од амбасадорот Фатих Улусој, чие присуство се смета за доказ за добрата билатерална соработка меѓу двете земји и поддршката на Република Туркије за образованието на турската заедница во земјава.
-Турција уште од самото осамостојување на Северна Македонија ја поддржува во секоја област, бидејќи ова е за нас пријателска и сојузничка земја. Имаме реализирано голем број на проекти од турската владина агенција-ТИКА и нашата поддршка ќе продолжи и во иднина, изјави амбасадорот Улусој.
Стоилковиќ и Улусој се сретнаа и со дел од локалното население кое го запозна со условите во кои живеат, но и проблемите со кои се соочуваат секојдневно.
Инаку, вкупно 53 ученици посетуваат настава во овие две подрачни училишта, што ги прави значајни образовни јадра за локалната заедница.
Ново на Сител
-
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула
-
Се одложува отворањето на новите реновирани Управни служби на МВР во зградата на МТВ
-
На граничните премини нема подолги задржувања
-
Пет референдуми денеска и утре се одржуваат во Италија – Мелони и власта воздржани
-
Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
-
Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис
-
Трамп го предупреди Маск: Финансирањето на демократи ќе има сериозни последици
-
Сончево и многу топло, до 38 степени