Вицепремиерот Лика на Меѓународниот ден на театарот го посети албанскиот театар во Скопје
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на театарот, вицепремиерот за спроведување на Охридскиот договор Хазби Лика, во придружба на државниот секретар во Министерството за култура Валмир Азири, вчера го посетија албанскиот театар во Скопје.
Лика и Азири од директорот на театарот "Адем Карага" се информирани за текот на работите за реконструкција на театарот, истакнувајќи дека предвидениот проект ќе биде во согласност со европските стандарди.
Како што информираат од Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор, Карага истакна дека во текот на годината ќе бидат завршени градежните работи и Театарот ќе ги отвори вратите за јавноста.
Вицепремиерот Лика им го честиташе Меѓународниот ден на театарот на сите уметници и љубители на уметноста, истакнувајќи дека Владата продолжува да дава дополнителен импулс за финализирање на овој албански културен проект.
"Со финализирањето на овој гигантски проект ќе ја заживееме културата и интересот на јавноста за театарот. Албанската култура почна да процвета, а оваа Влада има волја и можност да соработува и дава многу повеќе можности за развој на националната култура ", рече Лика.
Од Секретаријатот информират дека во буџетот од 2018 година се доделени 250 милиони денари за завршување на работите за реконструкција на Албанскиот театар.
Ново на Сител
-
Академски пленум: Професорите ќе поднесат петиција за вонредни избори, Вучиќ и Мацут поканети лично да ја примат
-
Владата на САД го одзема правото на Харвард да запишува странски студенти
-
Трипуновски: Новиот Закон за земјоделство и рурален развој на ЕНЕР, акредитацијата на ИПАРД 3 не е загрозена
-
Мексико се уште преговара со Трамп за царините
-
Холандската централна банка до граѓаните: Секое домаќинство да има кеш - 70 евра по возрасен и по 30 евра по дете
-
Лишен од слобода возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова во телефонски разговор со Зеленски изразила поддршка на напорите за крај на војната
-
Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто