Вицепремиерот Бујар Османи во посета на Везе Шари во Требош
Делегација од над 40 лица од Македонија на 27 септември за првпат од тој обем ќе го посети Брисел за да ги започне првичните комуникации околу скринингот пред започнување на преговорите за членство во ЕУ. Ова го истакна вицепремиерот за евро интеграции Бујар Османи при денешната посета на компанијата Везе Шари и Лекер во тетовското село Требош. Тој посочи дека Македонија е длабоко навлезена во процесот на подготовки, скринигот и отпочнувањето на преговори со ЕУ.
- Таа делегација треба да слушне што Брисел очекува од нас и по враќањето треба да се направи пресек до каде сме во сите области за да го утврдиме просторот што треба да го надополниме во текот на преговорите. ЕУ не е само висока политика, туку тоа се секојдневни мали, ситни стандарди што значат живот за луѓето но и за компаниите и бизнисите. Преговорите со ЕУ се најсложената и најкомплексната операција што една Влада ги прави. За таму да влеземе подготвени ќе ни треба подршка од сите, рече Османи.
При разговорите со сопственикот на Везе Шари Арбен Абдурахмани информирал дека веднаш по постигнувањето на договорот помеѓу Македонија и Грција, како и можноста за зачленување во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ била отворена можноста за нова инвестиција во вредност од 30 милиони евра со над 2.000 нови вработувања.
- Нема подобра порака од ова што значи членството во НАТО и ЕУ - за нови работни места, за повисоки плати, за повисок стандард, за подобра контрола на храната што ја јадеме, за подобра контрола на животната средина. Денешната посета на Везе Шари е со цел да разговараме за европските стандарди, прописи и регулативи како и подготовка на нашата преговарачка позиција во однос на Европската комисија. Нема подбро место од тоа од оваа компанија бидејќи таа е една од ретките со добиени лиценци за извоз на храна во ЕУ, но и за армијата на САД што покажува исполнување на врвни стандарди, изјави Османи.
Абдурахмани рече дека по потпишувањето на спогодбата со Грција ги контактирале и домашни и странски инвеститори за отпочнување на зафат за производство на бојлерско месо или 10 милиони пилиња на годишно ниво.
- Проектот во кој учествуваат осум домашни и странски акционери опфаќа отворање на 60 хали од 1.500 метри квадратни на целата територија на државата и над 2.000 вработувања. Меѓу главните корисници ќе биде и синџирот на ресторани KFC во скоро сите балкански земји и пошироко рече Абдурахмани.
Во однос на почетокот на кампањата за референдумот закажана за понеделник Османи рече таа нема да биде пропагандистичка и убедувачка, туку информативна и позитивна во две насоки.
- Прво ќе се спротиставиме на фејк њјуз пропагандата околу спогодбата со Грција. Со самото објаснување ние ја постигнуваме целта бидејќи договорот е квалитетен во однос на исполнувањето на сите наши принципи. Како второ ќе биде објаснувањето на придобивките од успешноста овој процес но и последиците доколку биде неуспешен. Нашите граѓани се доволно политички воспитани и знаат добро да проценат дека станува збор за историска можност и оти нема да имаме втора шанса, рече Османи.
Додаде дека кампањата ќе биде црно бела, оти, како што рече, ова не се избори каде може граѓаните да гласаат полево, подесно или центар, туку или гласаат за мир и стабилност или сакаат статус кво и несигирност, дали сакаат нови работни места или тонење во економијата, дали сакаат младите да останат или да заминуваат. Не верувам дека има граѓанин во Македонија што сака на своите деца да им остави лошо наследство.
Ново на Сител
-
Ем земале социјална помош ем воделе луксузен живот, брачен пар од Штип организирал интернет коцкање
-
Криминална организација во Грција преку телефонски измами се стекнала со речиси три милиони евра
-
Пронајдени пушки и муниција во Десово
-
22-годишна девојка прегазена вчера во Скопје
-
Во делови од Сеул паднаа над 40 сантиметри снег, откажани повеќе од 140 летови
-
Операција „Адмирал“: Разоткриена измама со ДДВ од 2,9 милијарди евра
-
Ставот на Владата за уставните измени е јасен и остануваме на истиот, изјави Митева
-
Нова блокада на судот и обвинителството во Нови Сад