Бизнис
26. November 2017 - 16:12

Вицепремиерот Анѓушев убеден во раст од 3.2% следната година

Вицепремиерот Анѓушев  e убеден  дека македонската економија догодина ќе генерира раст од 3,2 отсто па дури и  повеќе. 46 отсто повеќе пари во буџетот ќе има за економски мерки  или вкупно 48 милиони евра затоа  што според анкетите најголем дел или 60 отсто од граѓаните се изјасниле дека приоритет наредната година треба да биде еконмскиот раст на државата. За 5 отсто ќе пораснат и средствата за вработувања. Се очекува 80 отсто и реазлиација на капиталните инвестиции.

Анѓушев очекува  за период од  три години Македонија да го достигне износот од 30 илјади денари на просечна плата. На сите компании кои ќе исплатаат плати над 18 илјади  или 300 евра  државата ќе им  покрие 20 отсто од трошокот, а под тој изност фирмите нема да добијат помош.

Наредните денови ќе биде објавен и нов оглас за избор на лица кои ќе бидат дел од економските атешеа и кој ќе ја промовираат Македонија во странство. Избраните одреден период ќе треба да одат на обука и да научат повеќе за македонското стопанство за да може  да ја промовирата макодонија како одлична бизнси дестинација.

Инвеститорите и домашните и странските еднакво ќе бидат третирани.

Државната каса  догодина ќе тежи  3,4 милијарди евра. дефицитот е проектиран на 2,7 отсто, растот на  3,2 проценти. За капитални инвестиции обезбеднеи се 400 милиони евра, 60 милиони за патна и 100 милиони евра за енерегтска инфрастуктура.

Предлог буџетото утре ќе се најде и пред пратениците.