Вицепремиерот Анѓушев и министерот Сугарески во посета на Република Србија
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески утре ќе престојуваат во службена посета во Белград каде ќе остварат средби со претставници на српската Влада и на Стопанската комора на Србија.
Како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот, Анѓушев и Сугарески ќе се сретнат со потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за градежништво, инфраструктура и сообраќај Зорана Михајловиќ и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Вицепремиерот Анѓушев и министерот Сугарески, во просториите на Стопанската комора на Србија, ќе остварат средба со претседателот на комората Марко Чадеж, а потоа пред претставници на компании, членки на комората, ќе бидат презентирани можностите за инвестирање и мерките за поддршка на стопанството од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење
-
Лица со хронични респираторни болести и децата најмногу на удар од загадениот воздух