Македонија
15. September 2016 - 8:39

Вицепремиерот Адеми во работна посета на Брисел

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Арбр Адеми  денеска ќе престојува во работна посета на Брисел.

Вицепремиерот Адеми, како што соопшти неговиот кабинет, во Брисел ќе оствари средба со генералниот директор на Директоратот  за проширување и соседска политика на Европската комисија, Кристијан Даниелсон и со директорот за Западен Балкан при Директоратот за проширување и соседска политика, Геновева Руиз Калавера.