Вицеканцеларот Габриел контра Меркел околу Брегзит
Наспроти се потврдите ставови на германската канцеларка Ангела Меркел, која инсистира Велика Британија да не добие никакви отстапки во преговорите за напуштање на ЕУ, нејзиниот заменик и министер за економија Зигмар Габриел предлага поинаква тактика во односите со Лондон, јави дописникот на МИА од Берлин.
Габриел, кој е и лидерот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), бара ЕУ да стори се што може за да ја зачува Велика Британија поблиску во текот на преговорите, а во исто време да се зачува интересот на Унијата.
Зборувајќи на истиот настан на кој Меркел ги повтори тврдите тонови кон Лондон, Габриел порача дека пристапот до единствениот европски пазар за Велика Британија е поврзан со прифаќање на договорот за слобоно движење, но дека во тој процес целта на ЕУ треба да биде Велика Британија да остане блиску до Унијата.
- Мора да формулираме понуди со кои Британците ќе останат блиску до нас и да имаат шанса еден ден да се вратат во ЕУ, изјави Габриел на средба со германските бизнисмени во Бон.
Предходно, Меркел порача дека Велика Британија не може да добие ништо повеќе од тоа што го пишува во европските договори, затоа што доколку правилата бидат прекршени за Лондон, сите други земји членки ќе имаат свои барања за своите интереси.
Ново на Сител
-
Најмалку 12 луѓе загинаа при рускиот напад врз Киев
-
Времето утре променливо облачно со дожд и грмежи
-
Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица, не се постапува селективно
-
Палестински извори: Најмалку 36 загинати во израелските напади во Појасот Газа
-
Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри нафта, можно загадување на Дунав
-
Обвинителство бара мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК за предметот „Адитив“
-
Љутков за исплата на платите на културните работници: Конечно направивме пресметка која што е достојна и законска
-
Околу 25.000 луѓе во Турција се „напушиле“ откако полицијата запали над 20 тони запленет канабис