Viber добива My Notes
Ракутен Вајбер (Rakuten Viber),една од водечките светски апликации за комуникација, денес ја најави новата услуга “My Notes“ (“Мои белешки“), која ќе ви помогне да ги организирате големите и мали моменти и спомени, да си ги поедноставите дневните задачи и да ги продлабочите односите со драгите луѓе и корисниците ширум светот.
Секојдневнието на современиот корисник се состои од непрекинат мултитаскинг – додека прима порака, тој одговара на повици и гледа видеа, поради што следењето на сите обврски на едно место станува голем предизвик. Но, луѓето не сакаат да преземаат дополнителна, одделна апликација за справување и управување со обврските и со задачите.
Всушност, токму поради тоа е развиен My Notes, како посебно место на корисничката чет листа што помага да се задржат различните листи со обврски, фотографии, потсетници и друго, сè на едно место.
Бидејќи е создаден за секојдневна размена на пораки и организациски функции во самата апликацијата Вибер, ова дигитално решение овозможува:
– Создавање на список со идни обврски, кои можат да се штиклираат кога ќе бидат изврешени;
– Зачувување на омилените пораки, видеа или фотографии на едно место;
– Синхронизација на податоците со кој било уред (мобилен телефон, десктоп компјутер, таблет)
– Закажување потсетник за најважните белешки.
Оперативниот директор на компанијата Ракутен Вајбер, Ориф Ејал, изјавил дека се среќни што на корисниците им ја овозможиле оваа нова алатка со која лесно ќе можат да ги организираат своите желби и обврски – и сето тоа користејќи една апликација.
Ново на Сител
-
Стабилно време со студени утра во наредните денови
-
При претрес кај 20-гoдишник пронајден калашников
-
Автомобил удрил во 66-годишна жена, завршила со тешки телесни повреди
-
ЈО: Претреси на повеќе локации - сомнежи за мито и проневери во службата
-
Акција: МВР врши претрес во зградата на МВР
-
Приведен екс директорот на СОЗР - се вршат претреси во неговиот дом
-
МЗ: На Клиниката за ортопедија кај 12-годишно дете извршена трансплантација со коска од донор
-
Рубио го поддржува планот на Трамп САД да ја преземат контролата над Газа