Вежба во Центарот за обука Идризово за системот „Стингер“
Во Центарот за обука во Идризово денеска ќе биде изведена практична вежба за употреба на системот за присилно запирање на возила во бегство „Стингер“.
Вежбата е дел од Обуката за контрола на возила и безбедност во сообраќајот, која се спроведува во рамки на проектот финансиран од ЕУ „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на граничното управување, работата на полицијата со заедницата и борбата против организираниот криминал“.
Обуката се спроведува пет дена во кои 32 полициски службеници од Секторот за сообраќајни работи во Бирото за јавна безбедност, од мобилните сообраќајни единици и од осумте регионални Сектори за внатрешни работи (СВР), се обучуваат да станат обучувачи за безбедност во сообраќајот и контрола на возила.
Обуката ќе биде заокружена со презентација, конкретни инструкции и практична вежба за употреба на системот за присилно запирање на возила со издишување на гумите „Стингер“, кој во светски рамки се користи од страна на полициите за ефективно, сигурно и безбедно запирање на возила во бегство.
Проектот финансиран од ЕУ „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на граничното управување, работата на полицијата со заедницата и борбата против организираниот криминал“ обезбедува стратешка поддршка на Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност со цел зголемување на оперативната ефикасност на Граничната полиција, зајакнување на капацитетите на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал за безбедно и ефикасно управување со класифицирани информации и борба против организираниот криминал, вклучувајќи го и финансискиот и компјутерскиот криминал, развивање на вештините на униформираните полицајци за ефикасно и ефективно работење, како и развој на антикоруптивни стандарди во рамките на различните полициски гранки во Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ