Вежба на Црвениот крст на Град Скопје за спасување давеници
Француски давеници во реката Вардар денеска кај Камениот Мост во Скопје беа спасени од тимови за спасување на Црвениот Крст на Град Скопје. Симулацијата за спасување на поплавени од кризни подрачја е во соработка со амбасадата на Франција во Македонија и се спроведува шеста година по ред.
Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние ја поздрави акцијата за спасување на давеници на Црвениот Крст и истакна дека успешноста на симулацијата покажува дека Македонија може да се справи со вакви катастрофи.
- За нас е многу утешно, посебно во овие мигови кога се развива туризмот, да знаеме дека во случај на вакви проблеми ние сме подготвени да се справиме со истите, рече Тимоние.
Шефот на тимот на Црвениот Крст Арѓенд Чиљафи појасни дека во симулацијата на спасување давеници од природна катастрофа учествувале два тима. Едниот за спасување на планина и другиот за спасување од поплави.
Оваа обука според него е унапредување на системот за управување со кризи и на тимовите за одговор при катастрофи со цел за дејствување во реални ситуации, како оние полави, рече тој, што го зафатија скопскиот регион во август оваа година.
Ново на Сител
-
МОН мобилизира мрежа од 100 психолози за да помогнат на кочанчани и околината
-
Вонредни инспекции ги тресат угостителите
-
Се проверуваат сите 1.100 лиценци издадени согласно Законот за градба, речиси 100 се одземени
-
Млади од Тетово бараат правда за несреќата во Кочани, но и за Ласкарци и модуларната болница
-
Преглед на вестите од светот
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти