Ветер во грб за земјоделците: 80 отсто субвенции за инсталирање капка по капка и купување високо приносен добиток

Во новата програма во делот земјоделие се планира и се образложува проектот Капка по капка. За првпат во Македонија секој земјоделец кој што ќе сака да набави систем Капка по капка, ќе добие 80 отсто покривање на трошоците за набавка на системот капка по капка од страна на државата. 80 проценти ќе ги плати државата, и за системот капка по капка и опремата и за бунарите што треба да се ископаат, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање пред гевгеличани.
Груевски истакна дека системот капка по капка е измислен во Израел во шеесетите години и е распространет во цел свет.
– За многу земјоделски култури го удвојува приносот. Некаде го прави трикратен, некаде четирикратен и не случајно го воведуваме ова, да помогнеме. Тоа зголемување на производството ќе значи и спас во ситуации кога е мала цената, затоа што ќе има мала заработка, ама тродупло производство со исти влог и со помали трошоци, бидејќи многу се помали трошоците за вода. Капка по капка заштедува многу трошоци на вода. И уште една работа, овој систем овозможува и многу подобар квалитет на производот, така што, веќе имаме обезбедено средства во новиот буџет, по формирањето на оваа Влада секој заинтересиран треба да се обрати на конкурсот што ќе се објави за да можеме да му помогнеме, изјави Никола Груевски на митингот во Гевгелија.
За набавка на високо приносниот добиток за оние кои што се занимаваат со сточарство државата ќе им обезбеди 80% од трошоците доколку сточарот се одлучи да набави и да го замени својот добиток со високо приносен добиток кој што дава дупло или трократно повеќе производ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, појаснувајќи дека проектот продолжува и во иднина.
Ново на Сител
-

Просечната оценка од полагањето на сите три типа матура е 3,66
-

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8
-

Десет години од поплавите во Стајковци, загинаа 22 лица, малата Елиф сѐ уште се води како исчезната
-

Потпишување договори за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8
-

50 казни во акциска контрола во Тетово: Одземен тротинет од дете кое превезувало друго дете
-

Артета: Понекогаш лош резултат може дури и да биде корисен
-

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино
-

Трамп: САД имаат големи залихи муниција, трагаме по оние што оддаваат предавнички информации
