-->
-->
Вест Хем нуди 15 милиони фунти за Џо Ален
-->
– Екипата на Вест Хем се подготвена да плати 15 милиони фунти за услугите на искусниот фудбалер Џо Ален.
Менаџерот на „чеканите“ Дејвид Мојс сака по секоја цена да го засили средниот ред на својот тим во тековниот зимски трансфер период, па затоа раководството на Вест Хем реши да упати понуда од 15 минилни евра на Стоук, за анга
Ман на искусниот велчки репрезентивец.
Но, дали споменатата сума ќе биде доволна останува да се види имајќи впредвид дека неодамна менаџерот на Стоук, Марк Хјуз, истакна дека нема така лесно да се откаже од услугите на искусниот играч.
„Не можеме да си дозволиме да изгубиме играч со квалитет на Џо. Тој работи исклучително упорно и е многу значаен играч за нашиот тим. Ние нема да размислуваме за било какви понуди за некој од нашите клучни играчи, особено не во јануари“, изјави Хјуз.
27-годишниот Ален, сезонава пропушти само два меча, а досега неговиот придонес за Стоук кој е на 16 место на табелата е три гола и пет асистенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Минчев најавува законско решение наместо балансерот
-
Таравари: Одлуката на Уставниот суд за балансерот е избрзана
-
ТАВ подготвува мастер план за развој на аеродромите во Скопје и Охрид
-
Спасителите и оваа година со бројни интервенции
-
Во Струмица ќе се градат дополнителни 5,5 километри велосипедски патеки
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Интеграцијата на ЕУ да се темели на напредок, а не билатерални прашања