-->
-->
Веспрем противник на Вардар во финалето на СЕХА лигата
-->
Актуелен шампион во регионалната СЕХА лига Веспрем ќе биде противник на Вардар во финалето на ова натпреварување.
Веспрем во вториот полуфинален меч на завршниот фајнал-фор турнир кои се одржува во белорускиот град Брест го совлада домаќинот на овој турнир Мешков со 33-31 по подоброто изведување на ударите од 7.метри, откако регуларниот дел заврши нерешено 29-29
Со тоа Унгарскиот првак се избори за своето трето последователно финале, во кое по втор пат едно подруго ќе игра против македонскиот шампион Вардар, кој во полуфиналето беше убедлив против ППД Загреб со
Потсетување дека минатата година во финалето на турнирот во Вараждин, Хрватска, екипата на Веспрем беше подобра од Вардар со 28-26.
Двата тима досега по два пати го освојувале шампионскиот трофеј, а која екипа ќе биде првата со три трофеи ќе се знае во недела навечер по одигрувањето на финалниот меч кој е закажан во терминот од 20 часот.
Претходно (17.30 часот) за третото место ќе играат ППД Загреб и Мешков Брест.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци