Весникот „Илинден“ од денеска и со електронско издание
Единстениот печатен медиум на македонски јазик во Албанија, весникот „Илинден“, кој неодамна го прослави петтиот роденден, од денеска и со електронско издание.
- Со огромно задоволство објавуваме дека весникот „Илинден“ освен во печатна верзија сега може да се следи и на www.vesnik-ilinden.com. На тој начин, нашиот весник го правиме достапен за Македонците во Република Албанија, но и насекаде каде и да се, како и за целокупната
јавност, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, уредник на весникот и познат публицист.
Тој додаде дека за се она што објавува весникот - активностите на македонските друштва, македонската партија МАЕИ, негувањето на традициите и обичаите, објвавени книги, монографии и публикации на Македонците ќе може да прочитаат и да се запознаат сите Македонци каде и да се на земјината топка.
- Ова е уште еден успех на македонското друштво „Илинден“ чии основни заложби се заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет и наследство на Македонците во Република Албанија, посочи Ѓурѓај, додвајќи дека сите сугестии, критики и пофалби од читателите се добродојдени.
Првиор број на весникот беше објавен на 8 февруари 2013 година, како двоброј за март и април и во изминатите години предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и меѓу македонската дијаспора во светот. Весникот пренесува и информации и за матичната земја Македонија.
Ново на Сител
-
Општина Неготино го поддржува протестот што ќе се одржи в сабота во чест на Фросина Кулакова
-
Наскоро возови и до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани
-
За 14 години Албанија ја напуштиле околу 5.000 лекари и 11.000 медицински кадар
-
Министерот Муцунски во работна посета на Австралија
-
Се уште нема договор со Бугарија за заедничката изградба на тунелот на пругата од Коридорот 8
-
Денес тргнува првиот воз од Скопје за Куманово
-
Песков: Изјавата на Зеленски дека е подготвен да преговара со Русија се „празни зборови“
-
Зеленски: Повеќе од 45.000 украински војници загинаа во војната