-->
-->
Весникот „Фигаро“ се извини за сексистичката вест за „телохранителката“ на Франсоа Оланд
-->

Парискиот дневен весник „Фигаро“ се извини денеска по објавувањето на сексистичката вест за една од припадничките на обезбедувањето на Франсоа Оланд, која ќе го заштитува при неговата посета во Грција на 23 октомври, јавува дописникот на МИА од Париз.
Весникот ја опиша како „убава, голема, русокоса и која зборува француски јазик“, поручничката на грчката полиција, во веста под насловот „Фреансоа Оланд под убаво набљудување во Атина“.
Според веста, грчкиот печат сметал дека ова е мал гест од Алексис Ципрас за да му се заблагодари на Франсоа Оланд за неговото пријателство кон Грција, пишува Фигаро. Според веб изданието на „Ле Поант“ ниту еден голем грчки весник не го објавува ова, освен некои веб-таблоид страници, кои објавуваат и фотографии од младата припадничка на полицијата.
Изутринава повеќе коментатори на франуцскиот печат ја критикуваа веста на Фигаро на социјалните мрежи, по што редакцијата на весникот попладнево на својот Твитер профил и се извини на припадничката на полицијата и на своите читатели за објавената вест.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Управниот одбор не одобрил набавка на апарати за коцкање
-

Најмладиот милионер во државата има 4 години, највисоката месечна плата изнесува 189.000 евра
-

Министерството за јавна администрација со нова рамка за организација на работата на органите на државната управа
-

Младинските политики остануваат само на хартија: Општините не го почитуваат законот
-

Преглед на вестите од светот
-

Ново рочиште за „Дражавна лотарија“
-

Регионален форум на локално лидерство за млади, мир и безбедност
-

Ромите се уште се соочуваат со предизвици
