Весна Пешиќ: Дијалогот на власта и опозицијата во Србија е измама, ништо од барањата нема да се исполни
Познатиот српски социолог и една од главните идеолози на историските демократски промени против режимот на Слободан Милошевиќ, Весна Пешиќ, оцени дека тековниот дијалог меѓу власта и опозицијата за изборните услови е измама, затоа што во Србија постои изборно законодавство кое не се почитува и не се спроведува.
Таа смета дека дијалогот е инициран од самиот претседател Александар Вучиќ и од надворешни фактори.
-Ништо од барањата нема да биде исполнето. Додека е на власт Александар Вучиќ нема да има фер избори, затоа што во диктатура нема слободни избори. Да се очекува дека тој ќе се откаже од кршење на законите, изборното „мешетарење” и веќе практикуваните методи на „непобедливост” е наивно и да се помисли, кажа Пешиќ во интервјуто за весникот„Данас“.
Таа истакна дека дијалогот меѓу претставниците на власта и опозицијата е инициран од „надворешни фактори и самиот Александар Вучиќ“, на кои не им одговара бојкот на изборите на еден дел од опозицијата“, додавајќи дека бојкотот би претставувал „морална шлаканица“ за власта на Александар Вучиќ.
-Надворешните фактори имаат свои интереси, така што и ним не им одговара нивниот соговорник во решавањето на косовското прашање, да е диктатор кој ги укина демократските избори во Србија. Вучиќ не сака така да биде виден во Европската унија и во САД, кажа Пешиќ.
Таа оцени дека посредничката улога која ја презеде невладината организација „Фондација за отворено општество“, целта и е „опозицијата да се омекне да излезе на избори и со тековниот дијалог да се ублажи поларизираната состојба околу изборите со некои козметички поправки“.
-Бојкотот на изборите е единствениот одговор на укинувањето на демократските избори и на беззаконието на Вучиќ. Дали инаку очекувате Вучиќ да ги испочитува условите за фер избори? Да ги укинете сите таблоиди и да ги ставите вон негова конртола сите четири национални фреквенции?, заклучи Весна Пешиќ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален