Весели: Моите пријатели соборци ќе ја одбранат во Хаг вистината за светата борба на ОВК
Претседателот на Собранието на Косово Кадри Весели, по повод денешното заминување на поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Рустем Мустафа и Сами Љуштаку, на распит пред Специјалниот суд за Косово во Хаг, изрази убедување дека тие ќе докажат дека борбата на ОВК беше праведна и чиста, јави дописникот на МИА од Приштина.
Весели, кој беше еден од водачите на ОВК и шеф на нејзините разузнавачки служби за време на војната во Косово во 1998-99 година и во периодот по осамостојувањето на земјата, преку својата страница на Фејсбук порача дека „за борбата на ОВК постои само една вистина“.
– Има само една вистина за борбата на Ослободителната војска на Косово: праведна борба во целите и дејствијата. Затоа, од предизвикот на Специјалниот суд ќе излеземе со бел образ. Оваа вистина, таа света борба ќе се одбрани и од моите пријатели, соборците Сами и Реми, но и од секој припадник на ОВК од кого ќе се побара да сведочи, напиша Весели.
Мустафа, познат како командант Реми, при заминувањето за Хаг изјави дека од Специјалното обвинителство е поканет како осомничен и како сведок и дека ќе биде испрашан во текот на утрешниот ден.
Љуштаку, пак, кој отпатува за Холандија од приштинскиот аеродром неколку часови по Мустафа, изјави дека ќе биде испитан в среда, 16 јануари, но се уште незнае во кое својство е повикан, дали како сведок или како обвинет.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден