Верешчук: Русите држат 700 наши затвореници и илјада цивили
Руските сили држат во заробеништво околу 700 украински војници, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук.
– Што се однесува до армијата, ние, во принцип, имаме приближен паритет: имаме повеќе од 700 нивни затвореници, а тие имаат приближно ист број, рече Верешчук. Таа додаде дека „руските војници зеле повеќе од 1.000 цивили, од кои половината биле жени“. – За жал, има многу наши цивили во заробеништво.
Тие заробија повеќе од 1.000 луѓе и, за жал, околу 500 од нив се жени. А ние, очигледно, постојано ќе повторуваме дека нема да менуваме војници за цивили, тоа е забрането со Женевските конвенции. Ние нема да го прекршиме меѓународното хуманитарно право и затоа бараме ослободување на цивилите без никакви услови и префрлање на украинска страна, рече Верешчук.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
