Балкан
4. January 2016 - 16:15

Верените двојки во Турција не смеат да флертуваат и да разменуваат нежности

Без флерт и држање за раце, предупредува Дирекцијата за вероисповед во Турција во порака до идните сопружници.

– Верените двојки би требало да се воздржат од размена на нежност, флерт, држење за раце и каков било друг вид однесување спротивно на исламот, соопшти денеска Дијанет, турска агенција за верски прашања.

Агенцијата, која ги дефинира границите на пристојно однесување за двојки кои се подготвуваат да ја озаконат својата врска, смета дека „верените мора да се воздржат од флерт, заеднички живот, дружење насамо што може да биде повод за озборување, држење за раце и секакво друго однесување спротивно на исламот“.

Агенцијата е формирана во 1924 година со цел да надгледува спроведување религија во модерна секуларна Турција по укинување на исламскиот калифат и распадот на Османлиското царство.