„Вербална војна“ меѓу Буенос Аирес и Каракас за човековите права
Новиот аргентински претседател Маурисио Макри, остро ја критикуваше владата во Венецуела за непочитување на човековите права, што предизвика бурна реакција на официјален Каракас.
Ова е прва јавна расправија меѓу овие две јужноамерикански држави кои до скоро имаа мошне блиски односи и за многу прашања важеа како блиски сојузници.
Блиското пријателство беше изградено во времето на 12 годишното управување на перонистичкото, левичарско движење во Аргентина и започнато со Венецуела уште додека претседател на оваа земја беше Хуго Чавез.
Макри кој од неодамна е избран за аргентински претседател, уште додека беше во опозиција, важеше за остар критичар на венецуелскиот социјализм и на непочитувањето на човековите права во оваа земја.
На последниот состанок на групата јужноамерикански земји од пактот „Меркосур„ претседателот Макри побара од властите во Венецуела да ги ослободат сите политички затвореници.
„Не може да има место за обвинувња врз идеолошка основа во земји членки на Меркосур„- рекол аргентинскиот претседател.
На лидерската средба не присуствувал венецуелскиот претседател Николас Мадуро, но реагирал министерот за надворешни работи кој постапката на Макри ја означил како мешање во внатрешните работи на Венецуела.
Расправијата подоцна е продолжена од Каракас, од каде Буенос Аирес се прекорува дека нема право да зборува за човекови права, затоа што се уште влече траги од времето на злогласната аргентинска хунта.
Макри во текот на својата претседтелска кампања заговараше исклучување на Венецуела од „Меркосур„ но се откажа од тоа откако, опозицијата извојува уверлива победа во Венецуела на минатомесечните парламентарни избори.
Расправијата меѓу двете земји е потикната поради осудувањето на двајца венецуелски опозициски политичари, наводно , за потикнување улични немири во земјата.
Ново на Сител
-
МВР распиша оглас за 150 полицајци
-
НБ: Се намалуваат надоместоците за извршување на плаќањата во земјата и во СЕПА
-
Приведен возач од Гевгелија, возел со 99 км на час на место каде е довзолено 40 км на час
-
Црвен крст и МВР ќе потпишат Меморандум за соработка
-
Украина се повлекува од договорот за забрана на противпешадиски мини
-
Се уште гори на две локации - во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари