Венецуела: „Воената опција“ на Трамп претставува непријателси чин
Владата на Венецуела остро ги отфли наводите на американскиот претседател Доналд Трамп, за можна „воена опција“ за решавањето на политичката криза во земјата.
Венецуелската Влада ги оквалификува наводите на Трамп како „воинствен, непријателски чин“, што претставува закана за стабилноста на Латинска Америка.
Венецуелскиот министер на надворешни работи Хорхе Ареас го нарече Трамп „шеф на империјата“, наведувајќи дека неговите коментари се вклопуваат во праксата на агресија против суверенитетот на Венецуела, како и дека го кршат меѓународното право.
Ареас го обвини Вашингтон дека ги дестабилизира и дели Латинска Америка и Карибите, а на граѓаните им порача да ги тргнат настрана политичките несогласувања и да се обединат против коментарите на Трамп.
Ново на Сител
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата
-
Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
-
Заврши прегласувањето
-
Заврши прегласувањето на 7 избирачки места - Ќе изгуби ли ДУИ две пратенички места?
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
30 години Дански конзулат во Македонија, ново признание за Живко Мукаетов