Кошарка
13. September 2015 - 9:31

Венецуела шампион на ФИБА Америка

Кошаркарите на Венецуела се новите шампиони на ФИБА Америка откако во финалето во мексико Сити ја победија Аргентина со 76-71. Ова за оваа селекција е историски успех бидејќи е прва шампионска титула, а воедно избори и пласман на Олимписките игри во Рио следната сезона. На Игрите во Рио како финалист ќе настапи и Аргентина.

Во дуелот за 3.место Канада со 87:86 го победи претходниот првак и домаќин на овој шампионат Мексико.

Колку за потсетување Венецуела во рамки на подготовките одигра пријателски дуел со Македонија во Гевгелија и загуби со 55:52.