Свет
14. November 2017 - 9:18

Венецуела и кредиторите не се договорија за преструктурирање на долгот

Состанокот меѓу Венецуела и нејзините кредитори заврши без договор за преструктурирање на дел од значителниот долг на јужноамериканската држава.Венецуелската влада ги повика кредиторите на средбата да се обидат да постигнат подобри услови за исплаќање на 60 милијарди долари. 

Извори тврдат дека Владата не дала официјален предлог за преструктурирање и покрај ветувањето дека Венецуела ќе продолжи да го плаќа својот долг, кој се проценува на околу 150-180 милијарди долари.

Состанокот се одржа во момент кога меѓународниот притисок врз Венецуела се интензивира.

Европската унија ги одобри санкциите против јужноамериканската држава, вклучувајќи и ембарго за оружје, поради растечката „политичка поларизација".