Венецуела ги замрзна односите со Бразил
Бразилската Влада го отповика амбасадорот во Венецуела за консултации, откако Каракас го осуди импичментот на претседателката Дилма Русеф и го повлече нејзиниот амбасадор од бразилската престолнина, соопшти бразилското Министерство за надворешни работи.
Министерстовто за надворешни работи на Венецуела го осуди отстранувањето на Русеф, нарекувајќи го „парламентарен пуч“.
Во соопштението на венецуелското Министерство се наведува дека Венецуела ги замрзнува политичките односи со Владата на Бразил , до што дошло поради таквиот „парламентарен пуч“.
Бразил исто така ги оптповика и раководителите на дипломатските мисии во Боливија и Еквадор, откако левичарските Влади на овие земји го критикуваа решението на бразилскиот Сенат да ја отстрани од власт Дилма Русеф.
Бразилскиот Сенат вчера ја смени од позицијата левичарска претседателка на државата, Дилма Русеф, поради кршење на буџетските закони, со што ја оконча процедурата на отстранување низ која поминуваше оваа латиноамериканска земја.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници