Венецискиот „Златен лав“ за филмот „Од далеку“ на режисерот Лоренсо Вигас
Венецуелскиот режисер Лоренсо Вигас, со својот филм „Од далеку“, ја освои наградата „Златен лав“ за најдобро остварување на 72. Венециски филмски фестивал.
Освоената награда Вигас и ја посвети на својата земја, која минува низ период на политичка и економска нестабилност.
-Имаме некои проблеми, но ние сме многу позитивни. Ние сме еден неверојатен народ, изјави Вигас, пренесоа американските медиуми.
Наградата за најдобра режија ја освои, исто така, јужноамерикански режисер, Аргентинецот Пабло Траперо за трилерот „Клан“.
Наградата на жирито ја освои американскиот тандем Чарли Кауфман и Дјук Џонсон за анимираниот филм „Аномализа“.
За најдобра актерка на Фестивалот е прогласена Италијанката Валерија Голино за улогата во семејната драма „За твоја љубов“, а за најдобар актер е прогласен Французинот Фабрис Лукини за улогата во филмот „Хермелин“.
Ново на Сител
-
Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 51 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ и НАИ во седум, а ДПТ во една
-
ДУИ прогласи победа во Липково и Пласница
-
СДСМ: Победуваме во Центар, Крива Паланка, Пробиштип, водиме во Дојран но најверојатно ќе има втор круг
-
СДСМ прогласи победа во Крива Паланка
-
Кирил Пецаков прогласи победа во Охрид: Историска победа, благодарам Охриде!
-
Милошоски: Убедливо победуваме, по 20 години ќе добиеме градоначалник во Струмица
-
Иван Јорданов: Штип направи вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, благодарам мој Штип!
-
Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто