Венеција двојно ја поскапе влезната такса за еднодневни патувања
Посетителите на Венеција од денеска мора да платат влезница до 10 евра за еднодневна посета на градот, што е двојно повеќе од сумата што се бараше минатата година кога беше воведен овој систем, јави ДПА.
Надоместокот важи за сите денови до првиот викенд во мај, а потоа за сите викенди од петок до недела до крајот на јули.
Севкупно, годинава таксата ќе се бара за 54 дена, што е речиси двојно повеќе од лани.
Посетителите мора да добијат QR-код онлајн пред пристигнувањето и да го преземат на нивниот мобилен телефон.
Во 2024 година, Венеција стана првиот град во светот кој наплатува влезници за краткорочните посетители, слично како музеите.
Оние кои немаат билет ризикуваат да бидат казнети до 300 евра.
Системот останува главно непроменет од минатата година, но сега се бара почесто плаќање и во поголем износ.
Луѓето кои направиле предвремени резервации можат да влезат во градот за 5 евра, додека „last-minute“ посетителите ќе платат 10 евра.
Ново на Сител
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници
-
Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот