Спорт плус
26. September 2016 - 13:25

Велосипедист од Србија загина во Кина

Српскиот велосипедист, Дејан Мариќ, починал од здобиените повреди по сударот со неколкумина други велосипедисти на едно натпреварување во Кина.
 
Државната кинеска агенција Синхуа, објави дека Мариќ загинал по сударот со други велосипедисти, кој се случил на четвртото издание на трката „Вуји“, која се одржува во југоисточната провинција Фуџијан.
 
Веднш по трагичниот настан кој се случил на 16-от километар, организаторите веднаш ја прекинале 99-километарската трка.
 
Мариќ веднаш бил префрлен во најблиската болница, каде што им подлегнал на повредите.