Македонија
16. February 2016 - 16:06

Велјановски: Собранието ќе се распушти на 24 февруари

Обврските од Пржинскиот договор се целосно имплеметирани од страна на собранието. Парламентот ќе се распушти на 24 февруари, одлука која е донесена со мнозинство гласови.

Ова го истакна спикерот Вељаноски не средба со претставници од европсакта мониторинг мисија.

Според соопшетнието од кабинетот,  Известителите од советот на Еврпа биле заинтересирани за тоа какво влијание ќе има оценката на Европската Унија и какви чекори ќе се преземат доколку оценката е негативна во одонос на подготвеноста на државата за спорведување на фери и демократски избори и истата укажува на одложување на изборите.

Вељаноски искажал уверување дека оценката ќе биде соодветно примена од четворицата лидери,  очекува исполнување на прижинскиот договор и одржување на изборите на договорениот датум. Главна цел е одржување на  регуларни и фер избори со учество на сите политички субјекти.

Известителите од мониоринг  мисијата Лиза Кристоферсен и Валериј Гилечи оставрија средба  и со ппрставници на политичкитепартии во собранието.  

Власта и опозоцијата со агрументи за и против одржување на предвремени избори на 24 април.За вмро Дпмне договорот од Пржино е во целост исполнет а единствен излез од политичката криза е одржување на избори на 24 април.

Социјалдемократите пак ги информирале известителите од Стразбур, дека договорот од Пржино не се спореведува во целост. Избори нема да има се додека не се исполнат сите услови кои произлегуваат од него.

Од европската мониторниг мисија потврдија дека ќе имаат свои набљудувачи на изборниот процес.