Вељаноски упати честитка по повод еврејскиот празник Ханука

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, во пресрет на големиот празник Ханука лично и од името на пратениците, на Берта Романо - Николиќ, претседател на Еврејската заедница во Република Македонија и на сите припадници на Еврејската заедница, им упати честитки по повод празникот.
- Слободата е најголемото постигнување на бројни народи и нации низ историјата. Големиот празникот Ханука, не потсетува дека со сила и насилството не може да се победи човечкото достоинство и желбата за слобода. Таа секогаш е посилна и остварлива, таа е светлина која не води кон сите нови предизвици, стои во честитката од Вељаноски.
Тој истакнува дека придонесот на Еврејската заедница во Република Македонија е голем и значаен за развојот на нашата држава.
- Почитување на религиските и културните посебности се наша придобивка за заеднички соживот и сигурен пат кон модерна и просперитетна Република Македонија, вели претседателот на Собранието Вељаноски по повод празникот Ханука.
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
