Вељаноски на Европска конференција на претседатели на парламенти
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски на покана на претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, денеска и утре ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти во Стразбур, Француска Република.
Во рамки на Конференцијата, како што соопшти неговиот Кабинет, Вељаноски ќе се обрати пред присутните на теми посветени на „Миграциите и бегалската криза во Европа – улогата и одговорностите на парламентите“ и „Националните парламенти и Советот на Европа: Заедничко промовирање на демократијата, човековите права и владеење на правото“.
За време на Европската конференција на претседатели на парламенти во Стразбур, предвидено е Вељаноски да оствари неколку билатерални средби со неговите колеги учесници на Конференцијата.
Претседателите на парламентите на 47 земји-членки на Советот на Европа, државите набљудувачи и соседи, како и претседателите на меѓупарламентарните собранија ќе се состанат на 15 и 16 септември во Стразбур да дебатираат на актуелни теми.
Првата ваква Европска конференција на претседатели на парламенти се одржала во 1975 година. Конференцијата се одржува секои две години, алтернативно во Стразбур и во една земја-членка на Советот на Европа.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп