Вељаноски ги покани меѓународните организации да ги набљудуваат изборите на 11 декември
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Кристине Мутонен, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Педро Аграмунт и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Мајкл Р. Тарнер, да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори на пратеници.
Вељаноски во поканата ги известува првите луѓе на ПС на ОБСЕ, ЕП, ПС на СЕ и ПС на НАТО за намерата да ги следат изборите да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите.
Според Роковникот на ДИК, барање за набљудување на предвремените парламентарни избори може да се поднесе од денот на распишување на изборите заклучно со 6 декември.
Претседателот на Парламентот вчера потпиша Решение за распишување предвремени избори на пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат на 11 декември 2016 година.
Во Изборниот законик, во членовите 161 и 162, е предвидено дека целиот изборен процес да можат да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права.
Ново на Сител
-
Зеленски следната недела ќе претстави план од 10 точки за внатрешна безбедност
-
Четири пожари на отворено изминатото деноноќие
-
Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025
-
Од денеска задолжително поседување зимска опрема
-
Продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-
Седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
-
Трет обид на бугарските пратеници да изберат претседател на Парламентот
-
Маск се сретна со иранскиот амбасадор во ОН за смирување на тензиите во времето на Трамп