Веља: Вучиќ е единствениот балкански лидер кој им се заканува на соседите, треба да се санкционира исто како Путин
– Шефот на кабинетот на претседателката на Косово, Вјоса Османи, Блерим Веља изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ е единствениот државен лидер во регионот кој им се заканува со војна на соседите, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според Веља, светот треба да го санкционира Вучиќ, исто како што тоа го стори со рускиот претседател Владимир Путин поради неговата агресија врз Украина.
– Исто како и Путин, Вучиќ е единствениот претседател на држава во нашиот регион кој им се заканува со воени дејствија на своите соседи. Како и Путин, тој треба да се санкционира заради загрозувањето на мирот и стабилноста во регионот, напиша Веља на својот Твитер.
Повод за рекцијата на шефот на кабинетот на Османи беше изјавата на српскиот претседател дека на Албанците „нема да им оди така лесно“ ако се обидат да преземат некоја акција во северно Косово, при што ја спомена операцијата „Бура“ на хрватската војска против српските сили во војната во Хрватска во август 1995.
– Немам дилеми дека Албанците би сакале да извршат „Бура“ во северно Косово, но нема да им оди така лесно, изјви Вучиќ за српската „ТВ Хепи“.
Ново на Сител
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
-

Успешна акција за извлекување на тројца планинари од планината Бистрица
-

Деветнаесетти Петровденски планинарски марш
-

Британската полиција приведе маж осомничен за убиството на Видикомб
-

Повторно се разгорува конфликтот на Блиски Исток
