Велики четврток - почнуваат велигденските празнувања
Со вечерната богослужба на Велика Среда завршуваат великоипосните богослуженија, а продолжуваат посебни богослужби, со друг состав и со особено значење. До Велика Среда во богослужбените текстови има поттик за плач на луѓето заради својата грешност, а од Велики Четврток започнува поинаков плач на верниците – плач од глетката на ужасните страдања, мачења и распнување на Христа Спасителот. Тогаш се испомешани чувствата на плач и радост – плач за маките на Христа, а радост поради нашето спасение и благодарност кон Бога.
Таа неопислива промена на чувствата ги возбудува срцата на верниците и ја исполнува душата. Тоа е време со наплив од горки и радосни чувства, умилителни и животворни молитви, богољубивост и црквољувие. Богослужбите нè пренесуваат кај настаните во Ерусалим, на Елеонската Гора, на Сион, во Гетсиманија, по Патот на страданијата, на Голгота и во градината на Јосифа од Ариматеја – во неговата гробница. Таа непроценлива можност ни ја даваат овие дни, кога можеме постојано да се молиме и да созерцаваме за тоа. Ние тогаш сме со Господа и учествуваме во сите собитија, со мислите, со срцето и со душата.
На Велики Четврток се одбележуваат настаните што се случиле пред да тргне Спасителот на доброволните страданија. Во овој ден си спомнуваме за: Тајната вечера и сè што се случувало тогаш: подготовката, миењето нозе на апостолите, поуката за смирението и братољубието, посочување на предавникот и излегувањето на Јуда од вечерата, востановување на Светата евхаристија, најава за Петровото одрекување, Прошталната беседа на Христа со 11 апостоли, завршувањето на Тајната вечера и излегувањето од Ерусалим кон Елеонската Гора – во Гетсиманската Градина.
Ново на Сител
-
Макрон: Неопходен е прекин на огнот за да има средба помеѓу претставници на Русија и Украина
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне пороен дожд и грмежи
-
Трамп повика на средба меѓу Украина и Русија во Турција оваа недела
-
ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби
-
Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026
-
Куче врзано за кола и влечено во Крива Паланка
-
Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“
-
Папата Лав Четиринаесетти ги повика светските сили да ги прекинат сите војни