Велика Британија вети уште 19 милиони фунти помош за Појасот Газа
Велика Британија вети дополнителни 19 милиони фунти (24 милиони долари) финансиска помош за Појасот Газа, откако британската секретарка за развој Анализ Додс ја опиша ситуацијата таму како „катастрофална“, јави ДПА.
Се очекува Додс да ги посети палестинските територии и Израел како дел од тридневното патување кое ќе почне денеска со хуманитарна конференција во египетскиот главен град Каиро.
Новото финансирање ќе ја донесе вкупната сума обезбедена од Британија за Палестинците на 99 милиони фунти, соопшти Канцеларијата за прекуокеанска заедница и развој.
Во сумата се вклучени и 12 милиони фунти за Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања и Светската програма за храна.
Додс се очекува да се сретне со палестинскиот премиер Мохамед Мустафа и да го посети бегалскиот камп на Западниот Брег пред да замине за Израел, каде што ќе има состаноци со официјални лица и ќе ги повика израелските власти да обезбедат помошта да стигне во Газа.
Британската министерка треба да се сретне и со семејствата на британските заложници киднапирани од Хамас. – Ситуацијата во Газа е катастрофална.
Жителите на Газа имаат очајна потреба од храна и засолниште како што се приближува зимата, предупреди Додс.
– Конференцијата во Каиро ќе биде можност да се соберат водечки мислења на оваа тема и да се предложат вистински решенија за хуманитарната криза, додаде таа.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ