Велика Британија треба да ја напушти ЕУ пред европските избори
Велика Британија треба да ја напушти ЕУ пред европските избори во средината на 2019 година, изјави претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, јави ДПА.
Преговорите по Брегзитот може да продолжат не повеќе од две години, што значи, дека Велика Британија треба да го исполни членот 50 од Лисабонскиот договор, кој ги определува правилата по двегодишниот преговарачки процес за излегувањето на одредена земја од ЕУ, не подоцна од средината на 2017 година.
Шулц изјави, дека со оглед на исклучително сложените околности за британското излегување од ЕУ, тој покажува разбирање кон желбата на британската Влада да оддели извесен период за подготовки, пред да го објави офоцијалното решение за почеток на преговорите.
Шулц исто така, истакна дека е невозможно Британците да учествуваат на изборите за Европскиот парламент и дека Брегзитот треба да заврши до тоа гласање.
На референдумот на 23 јуни Британците гласаа за излез од ЕУ.
Премиерката Тереза Меј изјави дека нема да да се активира членот 50 од Лисабонскиот договор пред почетокот на 2017 година.
Ново на Сител
-
Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
-
По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола