-->
-->
Велика Британија ќе регрутира ученици за одбрана од кибер напади
-->
Ученици од училиштата во Англија ќе имаат можност да се обучуваат за кибер безбедност, во обид да се откријат потенцијални експерти за идната одбрана на Велика Британија од кибер напади.
Според лондонските медиуми, планирано е да се обезбедат 570 ученици на возраст од 14 години или постари од нив, кои ќе се согласат да минуваат по четири часови неделано, во рамките на „пилот програмата“ од пет години.
Обучувањето на учениците, што ќе се одвива во училници и кабинети, како и он-лајн, превидено е да почне во септември оваа година.
Најавата на стратегијата за формирање кадри за кибер борбата, доаѓа по заклучоците на една британска парламентарна комисија за тоа дека земјата „нема доволно обучени кадри“ за одбрана на Велика Британија од кибер напади.
Опасноста од кибер напад, извршен од некоја криминална група или од странска земја, врз виталните британски компјутерски системи, сега е рангиран како еден од четирите најголеми закани за државната безбедност.
Британските медиуми потсетуваат на случувањата во текот на минатата година, кога руските хакери и Русија беа обвинети во САД за извршениот напад врз штабот на Демократската партија во текот на изборната кампања, за да му се помогне на репуликанскиот кандидат и за да и му се наштети на неговиот демократски противкандидат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
-
Состојба на патиштата
-
САД денеска ќе објават нов пакет помош во оружје за Украина вреден шест милијарди долари
-
Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност