Велика Британија, Грција и Турција ги завршија преговорите за безбедноста на Кипар
Техничките тимови на Велика Британија, Грција и Турција разгледаа прашања поврзани со безбедноста во рамки на преговорите за обединување на Кипар, кои се водат под покровителство на Обединетите нации.
- Работната група успешно го реализираше мандатот што и беше доверен. Идентификуваше конкретни прашања, поврзани со прашањата за безбедноста и гаранциите, како и неопходните инструменти за нивно решавање, се наведува во изјавата на Еспен Барт Еиде, специјален претставник на генералниот секретар на ОН за Кипар.
- Страните се договорија да не откриваат детали од дискусиите, бидејќи процесот се уште не е завршен, нагласи Еиде.
Не е познато кога преговарачките страни повторно ќе се сретнат. Еиде в понеделник треба да го информира Советот за безбедност на ОН за заклучоците од состанокот.
Официјални претставници на Велика Британија, Грција и Турција, како и претставници на кипарските Грци и кипарските Турци, разговараа околу решавањето на несогласувањата во врска со безбедноста на двете заедници на Кипар, доколку биде постигнато обединување на островот.
Средбата на работната група почна вчера, по неуспешната средба на министрите за надворешни работи Велика Британија, Грција и Турција минатата недела во Женева.
Ново на Сител
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино
-
Манчестер јунајтед планира да изгради нов стадион
-
Лишени од слобода 11 лица, злоупотреба на службена положба и перење пари
-
Таравари: Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“
-
Вработените во РТС им се обратија на студентите и ги повикаа колегите да излезат надвор
-
Полска уапси Украинка осудена за продажба на 56 бубрези
-
Променливо и нестабилно време со повремен дожд во наредните денови