Велика Британија ги обвини социјалните мрежи дека не ги спречуваат киберџихадистите
Британската парламентарна комисија денеска ги обвини интернет компаниите „Гугл“, „Фејсбук“ и „Твитер“ дека не вложуваат доволно средства за да ги спречат киберџихадистите да ги користат нивните мрежи за нивната кауза.
- Фронтовската линија денес е интернетот, истакнува претседателот на комисијата за внатрешни работи во британскиот Парламент Кијт Ваз.
Во извештајот се посочува дека преку форумите и социјалните мрежи Исламска држава и другите терористички групи регрутираат луѓе, собираат средства и ја шират својата идеологија.
- И покрај тоа што добро знаат за што се работи, големите компаниите како „Гугл“, „Фејсбук“ и „Твитер“ се покажуваат неспособни да реагираат на таквите закани. Таквите компании имаат тимови од неколку стотина вработени кои ги следат мрежите со милијарди корисници, се истакнува во извештајот.
„Твитер“ минатата недела објави дека во последните шест месеци избришал налози на 235.000 корисници кои објавиле содржини поврзани со тероризмот.
Ново на Сител
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците
-
Уапсени 28 лица за продажба на дрога
-
Кој ги “саботира” хируршките клиники?
-
Од денеска полесно до работа во Германија
-
Масовната урбанизација го менува ликот на Охрид
-
Штипјани во хумана акција за прибирање 70 000 евра за лекување на медицинската сестра Сибил Омерова