Велика Британија бара „сразмерен начин“ да одговори на заканите на Русија
Велика Британија бара „сразмерен начин“ да одговори на заканата од Русија, изјави денеска портпаролот на премиерката Тереза Меј, откако пензионирано официјално лице на руската војска наведе дека труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал може да предизвика нова светска војна.
- Мораме да одговориме на пропорционален начин на ваквото агресивно однесување на руската страна, и тоа го правиме, изјави портпаролот на премиерката Меј на прашањето дали постои ризик од предизвикување војна.
Британските медиуми претходно денеска пренесоа дека Евгениј Бужински, генерал во пензија, изјавил оти последиците од нападот во Солзбери може да предизвика „нова војна во историјата на човештвото“.
Инаку, Велика Британија ја обвинува Русија за нападот со нервен агенс на поранешниот двоен шпион Скрипал и неговата ќерка Јулија во англискиот град Солзбери, поради што протера 23 руски дипломати, додека Москва негира дека е вмешана во нападот. Русија на Лондон му врати со иста мерка, протерувајќи британски дипломати.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука
-
Мицкоски: Разрешувањето на Коцевски ќе продолжи во ноември