Велигденски концерт на Македонската филхармонија

Велигденски концерт ќе одржи оркестарот на Македонската филхармонија в среда (8 април) од 20 часот, на кој, како што соопшти, ќе биде изведено монументалното вокално-инструментално дело „Ѕвона“ од Сергеј Рахмањинов.
Диригент на концертот ќе биде Најден Тодоров од Бугарија, а како солисти ќе настапат Катерина Стојановска - сопран, Исмет Вејсели - тенор, Иван Наумовски- баритон/бас и хорот „ПроАрс“.
На програмата на концертот ќе биде и симфониската поема „Прелудии“ од Франц Лист.
-Во летото 1907 година, за време на престој во Рим, Сергеј Рахмањинов добил анонимно писмо со поемата „Ѕвона“ од Едгар Алан По, во слободна адаптација на рускиот симболист Константин Балмонт. Поттикнат од оваа необична инспирација, Рахмањинов ја создава монументалната хорска симфонија „Ѕвона“, дело што самиот го сметал за едно од најличните во својот опус, соопшти Филхармонијата.
Симфонијата ја следи драматургијата на четирите строфи од поемата и претставува симболично музичко патување низ човечкиот живот – од младешката радост, преку љубовта и зрелоста, до сенката на староста и смртта.
-Во руската духовна традиција ѕвоната имаат речиси живо присуство: нивниот звук го придружува човекот од раѓање до последниот миг. Со „Ѕвона“, Рахмањинов создава длабоко поетска и симболична музичка визија, во која звукот на ѕвоната станува метафора за човечкиот живот – од неговата блескава почетна радост до тивкото помирување со вечноста, се наведува во најавата за велигденскиот концерт.
МИА
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
