Велигден во пандемија
Католиците денеска го слават Велигден. За разлика од лани кога поради пандемијата верниците ја следеа утринската миса од дома пред малите екрани, годинава дел од нив беа во Католичката црква Пресвето Срце Исусово.
Пандемијата ги натера верниците и годинава празникот да го прослават во кругот на најблиските. Но имаат верба дека ќе дојдат подобри времиња.
Честитики по повод празникот упати целиот државен врв во земјава.
Велигден денеска го слават околу 1,2 милијарди католици низ светот.
Во најголемиот дел земји празникот се одбележува под рестриктивни мерки и во полупразни црви. Велигденското бдение во базиликата Свети Петар во Рим се одвиваше строго во согласност со анти-ковид мерките, пред мал број на верници. Папата Фрањо ги повика верниците да не губат надеж во борбата со вирусот, а државите да ја забрзаат дистрибуцијата на вакцини.
-
Александра Костовска
Сите содржини од овој новинар
