Велешкиот театар со „Театар, љубов моја“ гостува на „Бит фест“
Ансамблот на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес вечер ќе настапи на фестивалот „Бит фест“ во Битола со претставата „Театар, љубов моја“ од Валери Петров, во режија на Деан Дамјановски.
Се работи за македонска праизведба на истоимениот драмски текст од бугарскиот автор Валери Петров, напишан во 1981 година за бугарските актерки Тања Масалитинова и Славка Славова. Во оваа постановка играат четири актерки од четири различни генерации - Зорица Панчиќ, Кица Ивковска, Кети Борисовска и Талија Настова.
- Четири различни биографии и сензибилитети на сцената во една актерска гримиорна – место каде актерите се шминкаат и преоблекуваат, но и место каде се раѓаат митовите и легендите за театарот. Час и половина приказни, случки, досетки, мали закачки и љубомори, кои ја прават актерската „кујна“ толку богата што секој би сакал да ѕирне во неа и да го осети нејзиниот мирис и вкус, изјави режисерот Дамјановски.
Драматург на претставата е Сашо Димоски, сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Раде Василев, а автор на музиката е Сашко Костов.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг