Велешки полицаец повреден при интервенција за нарушен јавен ред и мир

Полициски службеник од Полициската станица во Велес вчера при интервенција по претходно нарушен јавен ред и мир во поголем обем, бил удрен со камен по главата од страна на непознато лице.
Полицискиот службеник изгубил свест, а лицето побегнало во непознат правец. На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош во Општата болница во Велес, каде што му била констатирана телесна повреда и е задржан на лекување.
МВР соопшти дека полицискиот службеник забележал како непознатото лице се обидувало со каменот да удри друг полициски службеник. Со цел да го спречи во намерата, полицискиот службеник го фатил за двете раце, но тоа успеало да се оттргне и со каменот го удрило него во пределот на главата.
По преземените мерки и активности утврден бил идентитетот на лицето. Се работи за Б.З. (22) од Велес. СВР Велес презема мерки за негово пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борче Треновски универзитетски професор
-

Го исполни ли Ѓорѓиевски ветувањето - чист град за 72 часа?
-

Премиерот готви реконструкција – партиите се спремаат за конгреси
-

Во петок ќе почне комисиската расправа за предлог - буџетот за 2026
-

АХВ спречи 37 тони небезбедна храна да стигне до потрошувачите
-

СДСМ обвинува дека скандалот е поголем
-

Тутунарите очекуваат повисоки цени
-

Панел-дискусија на МОН во Тетово: Технологијата во образованието е помошник, но не и замена за наставникот
