Велес за два месеци ќе добие модерна фитнес зона

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев денеска направија увид во градежните работи за изградба на фитнес – зоната, која е лоцирана во Градскиот парк.
Зоната е дел од новиот проект на АМС за изградба на 20 фитнес зони, ширум целата држава. Ќе се простира на површина од 180 метри квадратни, на гумирана подлога, а ќе се постави и урбана опрема (клупи и корпи за отпадоци), како и информативна табла за користење на справите.
Агенцијата за млади и спорт, како што посочи Спасески, во експресен рок ги завршила законските процедури и изградбата на првите фитнес-зони започна три месеци пред предвидениот рок, иако нивниот старт беше најавен за октомври годинава.
- Фитнес зоните ќе бидат опремени со вкупно осум реквизити, со кои ќе може да се третира севкупната мускулатура на корисниците за да се дојде до подобра физичка кондиција и подобрена здравствена состојба. Реквизитите ќе бидат едностави и безбедни за употреба и за почетници, како и за искусни корисници и заштитени од оштетувања при нормална употреба. Дизајнот на реквизитите предвидува повеќе истовремени корисници со што се зголемува капацитетот и искористеноста на просторот и реквизитите. Практично, фитнес зоната ќе претставува класична теретана на отворено, изјави Спасески.
Тој информираше дека, ова не е ниту прв, ниту последен проект на АМС во делот на подобрување на спортската инфраструктура во Велес.
Потсети дека досега само преку АМС во Велес се вложени преку еден милион евра за изградба на фудбалското игралиште, четири тениски терени и три повеќенаменски игралишта, а до крајот на годината ќе започне и реконструкцијата на покривот на спортската сала „Гемиџии”.
- Општината Велес е влезена и во проектот за изградба на 150 игралишта за „street basket”, за што веќе сме во тендерска процедура за избор на фирма која ќе го направи основниот проект. По изработката на проектот, ќе следи тендерска процедура за избор на изведувач, а на почетокот на 2017 година се очекува да започнат со градба и овие проекти, информираше Спасески.
Градоначалникот Чадиев изрази благодарност до Владата и до АМС за сите досегашни инвестиции во Велес и порача дека само на ваков начин се помага во психо-физичкиот развој на младите и се води вистинска борба против пороците на модерното општество.
Ново на Сител
-

Македонската навивачка Фаланга го одбележа празникот Водици и традиционалното скокање по крстот во Архус | ВИДЕО
-

Васко Дрвошанов и годинава го фати светиот крст во Струмица
-

Гимназијалецот Јордан Ангелески го фати светиот крст и е најсреќен на Водици во Прилеп
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на одбележување на Богојавление – Водици во Охрид и во Струга
-

Честитка од Ѓорѓиевски за Водици: Нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение
-

Крстот во Гостивар го фати Бобан Симјаноски
-

Христијан Џеповски го извади Светиот крст од Преспанско Езеро
-

Крстот за Водици во Кочани во рацете на Марјан Заов
