Македонија
8. August 2015 - 17:45

Велес го чествува заштитникот Свети Пантелејмон

Во организација на МПЦ-Повардарска Епархија и Општина Велес, вечер во Велес ќе почне чествувањето на заштитникот на градот, Свети Пантелејмон.
 
Најпрво ќе се служи вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Повардарски господин Агатангел, а сите верници од православната христијанска вера ќе можат да се поклонат пред иконата на светителот.
 
Ќе се одржи и културно-уметничка програма со настап на камерниот црковен хор „Св. великомаченик Пантелејмон“ и драмската игра „1840 почетокот“.
 
Програмата продолжува утре, со утринска архиерејска божествена литургија.
 
Со одлука на Советот на Општина Велес од 15 септември 2009 година Свети Пантелејмон е прогласен за заштитник на градот Велес.