Македонија
19. јуни 2017 - 18:03
Вечерва започнува традиционалното Прилепско културно лето
Со Ликовната колонија “Дрен”, која годинава се одржува по десетти, јубилеен пат и на која ќе творат уметници од: Македонија, Бугарија и Русија, како и со концертот на Камерниот оркестар од Битола, вечерва во Прилеп започнува традиционалното Прилепско културно лето, кое ќе изобилува со бројни настани од областа на сценско - музичката и ликовната дејност.
Прилепското културно лето ќе трае до крајот на август, а во текот на овој месец, во негови рамки, 21 до 23 јуни, во киното “Мис Стон” ќе се одржи Француски филмски фестивал. Инаку, Прилепското културно лето е еден од најбогатите и најсодржајните културни настани во земјава, од тој тип.
-
Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->