Вечерва возете со 40км/ч - Еве зошто!
Градот Скопје го продолжува третирањето на градските сообраќајници со средството калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.
Со средството калциум магнезиум ацетат ќе се прскаат булеварот Свети Климент Охридски и улиците Свети Кирил и Методиј и Јордан Мијалков, во центарот на градот, како и дел од булеварите Србија и Трета Македонска Бригада, во Аеродром. Прскањето вечерва ќе почне во 20 часот и ќе се одвива кога тоа го дозволува температурата на воздухот (за да не настане голомразица), информираат од Град Скопје.
Градот ги информира граѓаните дека брзината на сообраќајниците каде што ќе се аплицира средството калциум магнезиум ацетат ќе биде ограничена на 40 километри/час, заради можна појава на лизгавост на коловозот.
На улиците е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце