Вечерва почнува фестивалот „Албански театар во Македонија“

Во Центарот за култура во Дебар, вечерва почнува 17-то издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“.
Пред дебарската публика ќе се претстават тетари од Скопје Тетово, Прешево, Ѓирокастро и Гњилане.
- Годинава имаме побогата програма. Љубителите на тетарската уметност ќе имаат можност да проследат шест театрски претстави а честа да го отвори фестивалот ќе му припадне на Националниот ансамбл за песни и ора „Шота“ од Приштина, со кореодрамата „Кумт“ во кореографија и режија на Ѓерѓи Превази. Посветена е на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег, во чест на 500-годиништнината од неговата смрт, изјави Илбер Нуредини, директор на фестивалот.
Според Нуредини утре пред дебрани ќе се претстави татарот од Тетово со претставата „Волпоне“, а во следните денови театарот од Прешево со претставата „Скицуеси“ (човек кој прави скица), театарот „Зихни Сако“ од Ѓирокастро со „Кревет за тројца“, театарската група на Факултетот за драмска уметност при тетовскиот универзитет со претставата „Сонот на седумтте студенти“ и тетарот од Гљилане со претставата „Сам во стан“.
Последната вечер,11 октомври, пред доделувањето на наградите за најдобра претстава, режија, актер и актерка, пред дебрани ќе настапи албанскиот театар од Скопје, со претставата „Жени“.
Директорот Нуредини очекува претставите да ги проследат голем број дебрани, кои, како што вели, живеат за овој настан.
Фестивалот „Албански театар во Македонија“ финаниски е подржан од Министертвото за култура на Република Македонија, како и дебарски компании.
Ново на Сител
-   
           Анализа: Дали кампањата меѓу двата круга може да го промени мислењето кај гласачите?
-   
           Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Карпош
-   
           Мицкоски и Филипче повикуваат на масовност во втор круг
-   
           Завршни пораки на кандидатите за градоначалници
-   
           На полноќ почнува изборниот молк, утре гласаат болните и изнемоштени лица и затвореници
-   
           Условна казна за вториот напаѓач на градоначалничката Арсовска
-   
           Судење за случајот „Онкологија“, одбраната смета дека доаѓаат погрешни сведоци
-   
           За еден месец “Клексан” во аптека со рецепт





