Македонија
23. December 2016 - 17:43

Вечерва на полноќ стапува на сила молкот за прегласувањето во Теарце кое ќе се одржи во недела

Жителите на тетовско Теарце се единствените граѓани со право на глас во Македонија кои во недела 25 декември повторно ќе имаат можност да избираат меѓу политичките партии поради прегласувањето на избирачкото место 2011 во просториите на основното училиште.   Дел од анкетираните велат дека очекуваат мирно да помине прегласувањето, додека повеќето од нив не сакаат да говорат на оваа тема пред камера.  

На денот на изборите 11 декември во ова избирачко место  имало излезност од 56,58 проценти односно од вкупно 714 граѓани со право на глас, за една од политичките опции гласале 404 лица.

Во избирачкото место 2011, ВМРО ДПМНЕ освои најмногу гласови доверба кај оние кои гласале односно 91. глас.  СДСМ  имаше 87, Беса 65, ДПА 64, ДУИ 53, Алијанса на Албанците25 , како и коалициите за Промени и Правда и ВМРО ЗА Македонија кои имаат по еден глас.