Вечерно училиште во Кисела Вода
Општина Кисела Вода во соработка со Основното училиште за возрасни „Антон Семјонович-Макаренко” организира вечерна настава за лицата кои поради определени причини го прекинале образованието или воопшто не се образувале.
- Преку Секторот за локален економски развој на општина Кисела Вода, во следната учебна година ќе биде реализирана програма која ќе овозможи описменување и дооформување на образованието. Наставата, која ќе биде комплетно бесплатна, ќе се одвива во вечерните часови во училиштата на територија на општина Кисела Вода. Бесплатни ќе бидат и книгите и училишниот прибор што е неопходен за одвивање на наставата, информираат од општина Кисела Вода.
Оттаму посочуваат дека во моментов се во тек уписите за оформување на образовните групи.
- Лицата кои се заинтересирани за дооформување на образованието потребно е до Основното училиште за возрасни “Антон Семјонович-Макаренко”, до општина Кисела Вода или до месните заедници на ниво на општината, да достават извод од матична книга на родените, лична карта, свидетелство за последно завршено одделение, а за лицата помлади од 15 години е потребно мислење од стручно лице, истакнуваат од локалната самоуправа и додаваат дека наставата ќе започне на 1 септември, годинава.
Ново на Сител
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада